Корисничко име Лозинка Пријави се
12.9.2012

Ѕамброта оди во Бразил?

Џанлука Ѕамброта, поранешниот фудбалски репрезентативец на Италија, рече дека постои можност кариерата да ја продолжи во бразилскиот Фламенго.

На Ѕамброта во јуни му истече договорот со екипата на Милан и тој оттогаш е во потрага за нов клуб.
„Би сакал повторно да се обидам во странство. Една од опциите е и Јужна Америка, убаво би било да одам во Рио де Жанеиро. Тоа би било неверојатно искуство за моето семејство и за мене“, им рече Ѕамброта на италијанските медиуми.
Тој со „аѕурите“ ја освои титулата светски шампион во 2006 година, а во кариерата играше и за Бари, Јувентус и Барселона.
„Играв за два големи италијански клубови, така што Бразил би бил добра варијанта. Мислам дека можам да одиграм уште една успешна сезона“, додаде Ѕамброта.

Најнови вести