Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2012

Лов од ЦСКА во Фламенго

Вагнер Лов, напаѓачот на рускиот клуб ЦСКА Москва, ги заврши преговорите за трансфер во својата родна земја, поточно во Фламенго.

Дваесет и седумгодишниот Лов, кој од 2004 година ги бранеше боите на актуелниот руски вицешампион, ќе потпише договор со Фламенго, кој на московскиот клуб ќе треба да му исплати 9,7 милиони евра, и тоа во три рати.

„Постигнавме договор со Лов. Многу сме среќни што во нашиот состав ќе имаме напаѓач од ваков калибар“, изјави претседателот на бразилскиот клуб Мичел Леви.

Бразилецот со сина коса за ЦСКА одигра 244 натпревари во сите натпреварувања и постигна 117 голови, а притоа освои две национални првенства, пет домашни купови, три руски Суперкупа и УЕФА купот во 2005 година.

Најнови вести