Корисничко име Лозинка Пријави се
12.2.2018

Акинфеев, Березуцки и Муса ќе ја предводат ЦСКА во Белград

Фудбалерите на Црвена ѕвезда утре ќе ја дочекаат ЦСКА од Москва во првиот натпревар од шеснаесетфиналето на Лигата на Европа, а познато е кои 20 играчи ќе дојдат во Белград.

Виктор Гончаренко за дуелот со Црвена ѕвезда ќе смета на 20 играчи.
Тројцата голмани ќе ги предводи Игор Акинфеев, а на клупата ќе бидат Помазун и Георги Кринац.
Во дефанзивната линија се: Василиј Березуцки, Виктор Васин, Марио Фернандес, Сергеј Игнашевиќ и Кирил Набабкин.
Во редот за врска се: Алан Џагоев, Понтус Вернлум, Александар Головин, Бибрас Нато, Константин Кучаев, Кристијан Бистровиќ, Хетаг Хосонов, Астемир Гордученко и Георги Миланов.
Од напаѓачите, на стадионот „Рајко Митиќ“ Гончаренко ќе може да смета на: Витињо, Ахмед Муса и Фјодор Чалов.
Дуелот меѓу Црвена ѕвезда  ЦСКА се игра утре, од 18 часот.

Најнови вести