Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2015

Тренерот на ЦСКА Москва нов селектор на Русија

Фудбалската федерација на Русија го именуваше Леонид Слутски за нов селектор на местото на Фабио Капело.

Владејачкото тело на рускиот фудбал минатиот ја прекина соработката со Капело, три години пред Мундијалот во Русија поради лошите резултати во квалификациите за Европското првенство 2016 година во Франција.
Слутски е тренер на ЦСКА Москва со која освои две титули шампион на Русија во 2013 и 2014 година.
Четириесет и петгодишниот стручњак во тренерската кариера го водеше и Крилја Советов.
Капело беше селектор на рускиот национален тим од 2012 година и ја однесе  селекцијата на Мундијалот во Бразил, но не успеа да избори пласман во втората рунда, исто како и со Англија во 2010 година.
Русија во групата Г од квалификациите е на третото место со осум бодови, а пред неа се Австрија и Шведска на четири натпревари до крајот, но сè уште е во игра за пласман на Евро 2016 година.

Најнови вести