Корисничко име Лозинка Пријави се
13.7.2018

Далиќ: „Бог ни даде шанса да им се одмаздиме на Французите...“

Златко Далиќ, селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, по победата над Англија (2-1) и пласманот во финалето на Светското првенство, изјави дека неговиот тим го надиграл ривалот во сите сегменти на играта и заслужено победил.

„Ги добивме бидејќи не ги потценивме, туку ги анализиравме. Бевме подобри во сите сегменти на играта и заслужено се пласиравме во финалето. Во секој момент знаевме што треба да работиме. Ја притискавме нивната задна линија, игравме висок пресинг и ги затворивме Хендерсон и Стерлинг. Им реков на играчите дека мораме да бидеме паметни, да играме пас и да не ја губиме главата. Покажавме карактер по рано примениот гол, потоа бевме подобриот тим и ја поседувавме топката“, изјави Далиќ пред новинарите.
Хрватска во финалето на Мундијалот ќе игра против Франција, која беше подобра од Белгија (1-0). За ривалот во финалето Далиќ изјави само пофални зборови.
„Франција е многу квалитетна екипа, има врвни играчи. Повторно нè чека тешка работа. Двете екипи имаат квалитет, а нам ни останува да се подготвиме и да одиграме врвно финале. Бог ни даде шанса за одмазда за поразот од 1998 година“, изјави Далиќ.

Најнови вести