Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Дури 3,4 милиони странци биле дел од СП 2018

Неверојатна промоција на државата направи Мундијалот

Агенцијата за туризам на Русија објави дека Светското првенство во фудбал го посетиле 6,8 милиони луѓе, од кои едно половина биле странци (3,4 милиони). Домаќинот Русија во 11 градови го подели планетарниот собир, а секако главната концентрација на навивачи беше во Москва. 
Градовите кои беа домаќини на мечевите, успеале за 40 отсто да го зголемат туристичкиот проток во однос на 2017 година. Најмногу туристи имаше во главниот град Москва. Tри милиони туристи, од кои два милиони биле странци, поминале во Москва во периодот од 14 јуни до 15 јули, кога и се играше Светското првенство во најважната споредна работа во светот. 
Франција е селекцијата која ќе го носи приматот на планетарен владетел во следните четири години, откако во финалето на Муднијалот со 4:2 ја победи Хрватска. 

 

Најнови вести