Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.7.2018

Пикфорд: Погледнете ги навивачите, не се ни приближно како претходно

Џордан Пикфорд, голманот на Англија, во неколку наврати беше херој на својот тим. Во натпреварот со Хрватска не му тргна од рака да биде уште еднаш.

„Имавме одлично Првенство. И во овој натпревар успеавме рано да поведеме. Мислам дека некогаш можеш да кажеш и дека прерано си постигнал гол. Но, не се предававме до крајот. Мислам дека тоа го покажува нашиот карактер. Од сè излегуваме со високо кренати глави и мислам дека тоа покажува колку сме се зацврстиле како тим и кои сме како народ. Погледнете ги само навивачите на крајот на натпреварот. Не беше ниту приближно вака пред две години“, изјави Пикфорд по натпреварот.
„Се надеваме дека ова е само почеток, дека овој турнир ќе биде нешто на што ќе се огледаме во иднина и дека ќе продолжиме даиграме добро како што умееме. Ова не беше наша вечер, но се надевам дека нашата иднина е светла. Од ваквите работи се учи. Би сакале да сме во финалето, но и од поразот секогаш можеш многу да научиш. Од ова можеме да излеземе само уште посилни“, изјави Пикфорд пред натпреварот за третото место во којшто Англија ќе се сретне со Белгија.

Најнови вести