Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Млад колумбиски одбојкар починал на тренинг

Причина за смртта е срцев удар, во Каштела ден на жалост

Андре Фелипе Луиз, одбојкар на хрватскиот клуб Младост Рибола Каштела, почина во неделата за време на тимскиот тренинг. Колумбиецот почина на дваесет и две години, а причини за смртта наводно е срцев удар. Младиот одбојкар во Хрватска пристигнал пред две години, со Младост во тааа сезона освоил двојна круна.

Иван Ранчиќ, тренерот на Младост, за хрватските медиуми истакна дека Луиз бил еден од омилените играчи во тимот: „Уште не можам да сфатам што се случи. Луиз беше еден од најдобрите играчи тука, ми беше миленик, уживав да работам со него. Сите го сакаа, од соиграчи до навивачи, па и раководството. Ова тажен и тежок ден за нас“.


 

Најнови вести