Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Манџукиќ рече дека е доста!

Хрватскиот голгетер стави крај на репрезентативната кариера

По 14 години поминати во дресот на „коцкестите“, Марио Манџукиќ реши дека е време да си замине од хрватската репрезентација. Голгетерот ги заминува како актуелен светски вицепрвак, бидејќи Хрватска пред еден месец играше во финалето на Мундијалот во Русија. Манџукиќ во финалето против Франција најправо си даде автогол, а потоа погоди и во француската мрежа, но тоа не беше доволно, бидејќи „галските петли“ славеа со 4:2. 
Манџукиќ преку емотивно писмо се прости од сите навивачи на Хрватска. Тој започна уште во јуниорската селекција, а со сениорите помина 11 години. Одигра вкупно 89 мечеви, а даде 33 погодоци, што го прави втор најдобар стрелец во историјата на нациоанлниот тим, веднаш зад Давор Шукер кој е рекордер со 45 погодоци. 
Богата е репрезентативната кариера на Манџукиќ. Тој настапи на две светски и едно европско првенство, а најголемиот успех го постигна токму пред еден месец во Русија. Сега голгетерот ќе се фокусира само на клупската кариера и настапите за италијанскиот првак Јувентус. 

 

Најнови вести