Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2018

Русите имаат проблеми со повреди, Хрватите комплетни

Русите и Хрватите го играат четврт-финалниот натпревар на Светското првенство во сабота, од 20 часот, а „зборнајата“ дотогаш ќе се обиде да закрепне некои фудбалери кои имаат проблеми со повреди.

Хрватите нема да имаат никакви проблеми со повреди против Русите, па се очекува „огнените“ да имаат моќ на средината на теренот, каде што играат Лука Модриќ, Иван Ракитиќ и Марцело Брозовиќ. Хрватите, исто така, немаат проблеми ниту со суспензии, а тоа важи за Русите, на кои би можело да им фалат двајца играчи.
Јуриј Жирков, кој има 34 години, има проблеми со повредата и рано излезе на натпреварот од осминафиналето со Шпанија. Освен искусниот лев бек, на Русите би можело да им фали и Александр Самедов, кој тренираше самостојно.
Покрај тоа, ротацијата во рускиот тим дополнително е скратена уште од првиот натпревар со Саудиска Арабија, кога сам се повреди Алан Џагоев и потоа не одигра ниту една минута.

Најнови вести