Корисничко име Лозинка Пријави се
02.7.2018

Субашиќ го спаси Модриќ и одбрани три пенали за четврт-финале

Лука Модриќ во 116-тата минута не реализираше пенал за победа на Хрватска, по што четвртфиналистот беше решен по пенал серии.

Хрватска по подоброто изведување на пеналите ја елиминираше Данска и се пласираше во четврт-финалето каде ќе игра со домаќинот Русија.
 Натпреварот почна со гол по првиот напад на Данците. Топката од аут беше уфрлена во шеснаесетникот каде настана мала конфузија во хрватската одбрана, а Јоргенсен со многу среќа го совлада Субашиќ.
Предноста на Данците не траеше долго. Хрватите нападнаа по десната страна, првата нафрлена топка беше лошо исчистена, Кјер го погоди Кнудсен во глава и топката се одби до Манџукиќ кому не му беше тешко да го израмни резултатот.
До крајот на натпреварот немаше многу вистински шанси и како двете репрезентации да се чуваа за пеналите.
Но, во 114-тата минута Модриќ одлично го проигра Ребиќ кој изби сам пред голманот на Данците и кога требаше само да ја прати топката во празниот гол од грб го собори стрелецот за Данците Јоргенсен. Судијата покажа на белата точка, но на Јоргенсен му додели само жолт картон.
Одговорноста ја презема Модриќ, но Шмајхел го одбрани неговиот удар по што остана победникот да биде решен со пенали.
Субашиќ и Шмајхел ги одбранија првите удари на Ериксен и Бадељ, Кјер ги доведе Данците во водство, Крамариќ израмни на 2-2, Крон-Дели погоди за 3-2. Модриќ подобро го изведе овој пенал и повторно израмни, потоа Шене, Пивариќ и Јоргенсен не погодија. На крајот Ракитиќ го совлада Шмајхел за победа на Хрватите.

 

Најнови вести