Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.7.2018

На Хрватите им одговара темната опрема, не ја менуваат ниту против Англија

Фудбалската репрезентација на Хрватска во полуфиналето на Светското првенство против Англија ќе игра во црните дресови со темносини коцки.

Хрватска со тоа во петти последователен натпревар на Мундијалот ќе игра во истата, резервна гарнитура дресови.
„Огнените“ само во првиот натпревар на Светското првенство со Нигерија играа во своите препознатливи дресови – црвено-белите.
Англија во полуфиналето во Москва ќе игра во целосно бела опрема.
Црните дресови со темносините коцки изгледа ѝ донесоа среќа на репрезентацијата на Хрватска на овој Мундијал, бидејќи во осминафиналето и во четврт-финалето два пати победија по подоброто изведување на пеналите и сега по втор пат ќе играат во полуфиналето на Светските првенства, а прв пат по 20 години.
Натпреварот меѓу Хрватска и Англија на програмата е во среда, 11-ти јули, од 20 часот.

Најнови вести