Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
09.7.2018

ФИФА ги предупреди Хрватите – Вида помина без казна!

Меѓународната фудбалска федерација официјално го предупреди хрватскиот репрезентативец Домагој Вида, кој испрати порака со поддршка за Украина по победата над Русија во четврт-финалето на Светското првенство.

ФИФА претходно покрена истрага по видеоснимката емитирана во саботата, по завршувањето на натпреварот, во којашто се појавуваат Вида и скаутот на репрезентацијата на Хрватска, поранешниот репрезентативец Огнен Вукојевиќ.
Вида извика „Слава на Украина“, а Вукојевиќ рече дека победата е за „Динамо и за Украина“. Тие двајцата своевремено заедно играа за Динамо од Киев.
Хрватска по пеналите ја победи Русија и се пласира во полуфиналето, каде што ќе игра во среда, од 20 часот, против Англија.
„Дисциплинската комисија на ФИФА испрати официјално предупредување до Домагој Вида поради изјавата по завршувањето на натпреварот меѓу Хрватска и Русија“, се наведува во соопштението.
Вида изјави дека само се шегувал и дека не сакал да ја вмеша политиката во своето работење, туку дека ги поздравил пријателите во Украина, каде што играше за Динамо од Киев, заедно со Вукојевиќ.

Најнови вести