Корисничко име Лозинка Пријави се
06.9.2018

Варан не жали по Златната топка како Гриезман

Човекот кој во 2018 година ги освои и Лигата на шампионите и Светското првенство не се оптоварува со наградата фудбалер на годината

Одбранбениот фудбалер на Реал Мадрид и француската репрезентација, Рафаел Варан, годинава ги освои двата најзначајни пехари во светот на фудбалот, но не беше во конкуренција за играч на годината. Иако придонесот на Варан во титулите во Лигата на шампионите и на Светското првенство беше солиден, сепак, единствениот човек кој ги освои, не е меѓу најдобрите.
За разлика од сонародникот Антоан Гриезман, кој тврди дека заслужил место меѓу најдобрите тројца во изборот на ФИФА, Варан не се оптоварува со тоа. 
„Тоа е индивидуална награда, а фудбалот е екипен спорт. Воопшто не ми е во прв план таа награда, затоа и не сум разочаран што не ја добив. Вистина е дека имав одлична сезона, тешко дека може да биде подобра, освен ако дадев и 40 гола. И Канте и Погба не се спомнуваат, а беа многу успешни“, рече Варан. 
Во 2006 година се случи „преседан“ кога Фабио Канаваро (таа година беше капитен на светскиот првак Италија) беше играч на годината. Тоа е последен пат еден одбранбен играч да биде прв во изборот на ФИФА. Сега и начинот на гласање е поинаков. 

 

Најнови вести