Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Како што доликува, светскиот првак Франција на врвот, Македонија е 70-та на новата ранг-листа на ФИФА

Актуелниот светски првак Франција е најдоброрангирана фудбалска селекција на планетата, објави ФИФА. На најновото издание на светската ранг-листа Македонија забележа напредок од една позиција и сега е на 70. место

Светскиот првак Франција е најдоброрангирана селекција на најновата ранг-листа на ФИФА и забележа скок од шест позиции во однос на последното рангирање во јуни. „Триколорите“ се пред Белгија, Бразил, Хрватска, а во топ 10 редум се и Уругвај, Англија, Португалија, Швајцарија, Шпанија и Данска.
Македонија го дели 70-тото место со учесникот на Мундијалот во Русија, Саудиска Арабија.

 

Најнови вести