Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

ФИФА воведува ново правило, Челзи и Јувентус на удар

Однесувањето на пазарот на овие два клуба ги помина сите граници, ФИФА ги ограничува позајмиците.

ФИФА крои планови како да го спречи прекумерното позајмување играчи со цел да се ограничи профитот од ваквиот тип трансфери. Светската фудбалска куќа планира да го лимитира бројот на позајмени играчи од еден клуб на осум, што ќе биде голем проблем за клубовите како Челзи и Јувентус.

Клубовите не ќе можат да позајмат повеќе од осум играчи кои имаат повеќе од 21 година, додека домашните фудбалери се исклучок, фудбалерите кои потекнуваат од земјата на клубот ќе можат да одат на привремен ангажман во друг домашен клуб.

Главниот проблем во овие позајмици е начинот на заработка на големите клубови. Тие купуваат неколку млади играчи речиси секој летен период, за потоа веднаш да ги испратат во други клубови каде што би добивале шанса и би стекнувале искуство. Во случај да покажат потенцијал, клубовите ги продаваат истите играчи за нереални цени, притоа заработувајќи чист профит.

Премиерлигашот сезонава позајми 40 фудбалери во повеќе клубови, идентична цифра како и минатата сезона, додека италијанскиот првак Јувентус лани позајми 45 фудбалери. Многумина од нив никогаш нема да успеат да се наметнат во првиот тим, но затоа на клубовите им ги полнат касите.

Доколку овој предлог се усвои, клубовите исто така ќе бидат ограничени во купувањето на играчи во една година. Во летниот и зимскиот период еден клуб ќе може да купи најмногу осум играчи.

Најнови вести