Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2017

Скок од 32 места на Македонија ФИФА ранг листата

Фудбалската репрезентација на Македонија се искачи за 32 места на најновата ранг-листа на ФИФА.

Македонската репрезентација сега се наоѓа на 103-тата позиција со 328 бода. Избраниците на Игор Ангеловски со успешните резултати на двата квалификациски натпревари за Светското првенство во Русија против Израел (0-1) и против Албанија (1-1) направија голем скок на најновата ранг-листа на ФИФА.
Најдобро рангирана од нашата квалификациска група е Шпанија, која се наоѓа на 11-тото место, Италија доживеа пад за пет позиции и сега е 17-та, Албанија е 55-та, а Израел се наоѓа на 82-рата позиција. Најслаборангирана репрезентација е Лихтенштајн, кој се наоѓа на 187-мото место.
Во најдобрите десет на првото место сè уште е Германија, а потоа следуваат Бразил, Португалија, Аргентина, Белгија, Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.

 

Најнови вести