Корисничко име Лозинка Пријави се
08.11.2017

Лигата на нации ќе прерасне во глобално натпреварување

Европската куќа на фудбалот извести дека УЕФА иницирала разговори со Меѓународната фудбалска федерација околу проширување на нејзиното ново натпреварување - Лига на нации на глобално ниво.

Лигата на нациите, новото натпреварување под закрила на УЕФА, ќе стартува во септември следната година и ќе го замени поголемиот дел пријателски натпревари во календарот на ФИФА, секако, оние кои ги вклучуваат европските репрезентации.
Како што пренесе Би-би-си, УЕФАи ФИФА разговарале за можноста за развој на ново натпреварување. Како што наведоа од УЕФА, сè уште не се донесени никакви конкретни одлуки, но има предлог Лигата на нациите во некој момент да прерасне во глобално натпреварување.
„Овие разговори ги вклучуваат сите национални сојузи, сите претставници на конфедерациите и секако, ФИФА, со која имаме исклучително добар однос. Луѓето од ФИФА се вклучени во сè што се однесува на оваа тема од самиот почеток“, наведуваат од УЕФА.
Во Лигата на нациите ќе се натпреваруваат 55 репрезентации, од кои четири на овој начин ќе изборат место на Европското првенство 2020 година, но ќе имаат влијание и на распоредот на ждрепките за европските квалификации за Мундијалот 2022 година.

Најнови вести