Корисничко име Лозинка Пријави се
25.7.2018

ФИФА бира: Роналдо, Меси или Модриќ? Далиќ, Зидан или Дешамп

Светската фудбалска федерација ја објави официјалната листа на кандидатите за избор за најдобар играч, односно тренер во 2018 година.

На официјалната интернет-страница може да се гласа во периодот од трети до петнаесетти август.
Во гласањето, покрај навивачите, учествуваат и новинарите, како и селекторите и капитените на националните тимови.
Во конкуренција за најдобар играч се наоѓаат: Кристијано Роналдо, Кевин де Бројне, Антоан Гриезман, Еден Азар, Хари Кејн, Килијан Мбапе, Лионел Меси, Лука Модриќ, Мохамед Салах и Рафаел Варан.
Од друга страна, на листата на тренерите се: Масимилијано Алегри, Станислав Черчесов, Златко Далиќ, Дидие Дешамп, Хосеп Гвардиола, Јирген Клоп, Роберто Мартинес, Диего Симеоне, Герет Саутгејт, Ернесто Валверде и Зинедин Зидан.
Свечената церемонија ќе се одржи во Лондон на 24-ти септември.

Најнови вести