Корисничко име Лозинка Пријави се
01.6.2017

Македонија падна три места на ранг-листата на ФИФА

Фудбалската репрезентација на Македонија падна за три позиции на најновата ранг-листа која ФИФА ја објави денес. Нашите репрезентативци сега се наоѓаат на 136-тото место со 218 освоени бодови.

Најдобро рангирана од нашата квалификациска група за пласман на Светското првенство 2018 во Русија е селекцијата на Шпанија, која се наоѓа на десеттото место, пред Италија (12), Израел (55), Албанија (66) и Лихтенштајн (186).
Во однос на рангирањето од претходниот месец, во првите десет се пласира Полска, која сега има еднаков број бодови со Шпанија и двете го делат десеттото место. Лидер е Бразил, а потоа следуваат: Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија.
ФИФА следната ранг-листа ќе ја објави на шести јули.

Најнови вести