Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
12.7.2018

Модриќ: Не сакаме да застанеме, дојдовме по нешто повеќе

Лука Модриќ, капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, изјави дека неговите соиграчи и тој биле скромни во изјавите, но дека нивната вера дека можат да остварат голем резултат, била огромна од самиот почеток на Светското првенство.

„Одигравме феноменално по примениот гол. Ги надигравме, иако зборуваа дека сме уморни и дека тие физички се повеќе подготвени, а тоа не го покажаа на теренот. Штета што пак мораше да играме продолженија, но фала му на Бога што повторно не отиде до пенали. Покажавме карактер. Три пати се враќавме од резултатски минус и верувавме дека и овој пат ќе се вратиме“, изјави Модриќ, а пренесуваат хрватските медиуми.
Фудбалската репрезентација на Хрватска се пласира во финалето на Светското првенство откако синоќа во Москва ја победи селекцијата на Англија со 2-1 по продолженијата.
„Не сакаме да се предадеме бидејќи ние овде дојдовме по нешто. Не дававме никакви најави, бевме скромни и одевме чекор по чекор, но во нас верата беше огромна. Откако сум во репрезентацијата, досега не сум почувствувал олкава вера во соиграчите“, изјави Модриќ.
Хрватска во финалето ја очекува Франција. Натпреварот на програмата е во недела, од 17 часот.

Најнови вести