Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.7.2018

Перишиќ: Ќе бидеме подготвени за двете изданија на Русија

Хрватскиот офанзивен играч Иван Перишиќ пред четврт-финалниот натпревар против Русија на Светското првенство, изјави дека „огнените“ ја анализирале играта на домаќинот на Мундијалот и дека имаат одговор за тактиката која ќе ја постави селекторот Станислав Черчесов.

Русите го почнаа Мундијалот со убедливи победи против Саудиска Арабија (5-0) и против Египет (3-1), но по поразот од Уругвај (3-1) за натпреварот со Шпанија (1-1, 4-3 на пенали), подготвија ултрадефанзивна тактика која им донесе пласман во четврт-финалето.
„Ги гледавме речиси сите нивни натпревари. Против Шпанија играа во поинаков систем, но морате да се прилагодите на системот на секоја екипа против која играте. Тие мислеа дека тоа ќе им биде најдобра тактика, јас сметам дека ја направија вистинската одлука. Ќе бидеме подготвени за двете нивни верзии. Имаме уште неколку дена за подготовка“, изјави Иван Перишиќ пред натпреварот кој се игра во Сочи во сабота.
Фудбалерот на Интер додаде дека се надева дека оваа генерација хрватски фудбалери ќе го повторат успехот од 1998 година, кога Хрватите на Светското првенство во Франција беа трети.
„Остварување на соништата е да се биде во таква позиција. Сега е време и се надеваме дека ќе оствариме сличен резултат. Едвај го чекаме натпреварот против Шпанија“, додаде Перишиќ.
Хрватска против Русија во историјата играла три пати, а остварила една победа во пријателскиот натпревар (3-1) и две ремија без голови.

Најнови вести