Корисничко име Лозинка Пријави се
18.9.2018

Кубанците го загубија сјајот, испаднаа во првиот круг на СП

Една од најодбојкарските нации, Куба, доживеа вистински дебакл во фазата по групи и испадна на Мундијалот што е во тек

Кубанците го загубија чекорот и стариот препознатлив одбојкарски сјај и нивната елиминација по првиот круг на Мундијалот во Италија и Бугарија е најголемото изненадување на турнирот, досега.

Кубанците имаат медали од сите големи натпреварувања и се една од највлијателните одбојкарски нации, но сега потфрлија. Со само една победа и четири порази беа претпоследни во Д групата, недоволно за пласман во следната рунда.

Денеска им се приклучија и Кина по поразот од Бразил и Тунис, очекувано со пораз од САД.

Иако се игра последното коло во првата фаза по групи веќе се познати сите 16 селекции, кои ја продолжуваат битката за медали.

Во втората рунда ќе играат:

Италија, Белгија, Словенија, Аргентина, Бразил, Холандија, Канада, Франција, САД, Србија, Русија, Австралија, Полска, Иран, Бугарија и Финска.

Најнови вести