Корисничко име Лозинка Пријави се
18.8.2018

Болен пораз на одбојкарите

За малку не е направен и вториот крупен чекор кон пласман на Европското првенство кое се игра следната година

Македонската репрезентација водеше со 2-0, а загуби со 2:3, и не успеа втор меч од квалификациите за Европското првенство за неколку дена, да го добие со тој резултат. Вечерва во СРЦ „Кале“ славеше опасната Украина. 
Украина е директен ривал на Македонија за првото место во групата Ф, па затоа овој пораз е непријатен во трката за место на ЕП. Веројатно првото место ќе биде тешко остварливо, но и вториот има шанса да се најде меѓу 24-те најдобри на Стариот континент. 
Првите два сета, македнските одбојкари ги добија на разлика, со 27-25 односно 26-24. Со тоа си осигуваа барем еден бод од овој дуел, но желбата беше целиот плен. Третиот и четвртиот сет им припаднаа на гостите со идентични 25-20. Во петтиот сет, Македонија рано воспостави контрола, водеше со 8-5, но противникот направи низа од 8-1 и го сврте резултатот. 
Сега следуваат два меча против Швајцарија, најпрвин дома на 22 август, и гостување три дена подоцна. Доколку нашите триумфираат на тие два меча, ќе останат први и се доближат до пласман на ЕП. 
Сепак, победите над Швајцарија може и да се избришат (при одредување на конечната табела, не се земаат во предвид резултатите против последниот во групата) целата работа околу освојување на првото место во групата ќе треба да се заврши на 6 јануари во Украина или на 9 јануари пред своја публика против Унгарија. 

 

Најнови вести