Корисничко име Лозинка Пријави се
15.8.2018

Одбојкарите со прв чекор кон пласман на ЕП

Драматична победа од 3-2 на гостувањето кај Унгарија, триумф кој може многу да значи

Македонската машка репрезентација во одбојка славеше на гостувањето кај Унгарија со 3:2 (по сетови 25-23, 25-23, 23-25, 23-25, 15-13) и освои значајни бодови во трката за место кое води на Европското првенство следната година. Никола Ѓорѓиев со 42 и Александар Љафтов со 17 поени беа најзаслужни за триумфот кој ги доближува „црвено-жолтите“ до ЕП. Македонија испушти шанса да слави и поубедливо, па наместо два, да освои три бода. 
Следниот меч за Македонија е в сабота, на домашен терен против Украина, а августовскиот циклус го завршуваме со два дела против Швајцарија, најпрвин на 22-ри дома, потоа на 25-ти август на гости. Дали Македонија ќе се најде меѓу најдобрите 24 на Стариот Континент, ќе се знае на 9-ти јануари, за кога е закажано последното коло од квалификациската група. 
Учесници на ЕП се домаќините Франција, Словенија, Белгија и Холандија, плус тимовите кои имаа добар резултат на претходниот шампионат: Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција. 
Покрај овие 12 селекции, останатите 12 ќе бидат преку квалификациите. Има седум групи, а на ЕП одат победниците и пет најдобри втори. Досега на ЕП учествуваа по 12 тима, а од 2019 година бројката се зголемува, и тоа ќе биде шанса за помалите. 

 

Најнови вести