Корисничко име Лозинка Пријави се
27.1.2018

Вагнер Лов прејде во Бешикташ

Искусниот бразилски напаѓач Вагнер Лов го засили нападот на турскиот шампион Бешикташ.

Некогашната ѕвезда на ЦСКА Москва во Истанбул направи трансфер од Аланија, по 18 месеци откако го напушти Монако.
Овој 33-годишен голгетер постигна десет гола и имаше три асистенции на 14 натпревари оваа сезона во Суперлигата.
Во Аланија играше година и пол и постигна дури 33 гола на 44 настапи, а Бешикташ му е осми клуб во кариерата. Играше уште за Палмеирас, Фламенго, Шандонг, Коринтијанс. Има 20 настапи и четири гола за репрезентацијата на Бразил.
Бешикташ моментно се наоѓа на четвртото место во првенството, но заостанува само три бода зад лидерот Башакшехир. Помеѓу се двата преостанати гиганти од Истанбул, Галатасарај и Фенербахче.

Најнови вести