Корисничко име Лозинка Пријави се
01.2.2016

Рома го прати Думбија во Њукасл

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска Сејду Думбија пристигна од Рома како позајмен играч до крајот на сезоната, откако ЦСКА се откажа од купувањето.

Сејду Думбија има 28 години, а во Рома пристигна во јануари 2015 година од Москва за 10 милиони фунти, но одигра само 13 натпревари.
Се врати меѓу „армејците“ како позајмен играч во првиот дел од тековната сезона и постигна 11 голови на 21 натпревар, но не беше откупен.
Во меѓувреме преговараше со Фенербахче, но не успеа да се договори во врска со висината на примањата.
Думбија е четвртото засилување на Њукасл овој јануари, по играчите за врска Џонџо Шелви, Андрос Таунсенд, и Анри Саве.
Првиот стрелец на тимот е Шпанецот Ајосе Перес со пет голови, додека Митровиќ постигна четири.
Во конкуренцијата за нападот е и Папис Сисе, а Стив Мекларен би можел да го користи и Саве, иако тој е повеќе крилен играч.
Њукасл се бори за опстанок, се наоѓа на 17-тото место во Премиер лигата со 21 бод од 23 натпревари, два помалку од Норвич кој е во сигурната зона.

Најнови вести