Корисничко име Лозинка Пријави се
02.2.2015

Сејду Думбија направи трансфер во Рома

Сејду Думбија, неодамнешниот фудбалер на ЦСКА од Москва, кариерата ќе ја продолжи во Рома, пишува во соопштението на интернет-страницата на рускиот клуб.

Напаѓачот од Брегот на Слоновата Коска со клубот од Рим ќе потпише договор до 2019 година.
„Му се заблагодаруваме на Думбија за сè што направи за нашиот клуб и му посакуваме сè најдобро во продолжението на кариерата“, се наведува на интернет-страницата на ЦСКА.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома за трансферот на Думбија издвоила околу 16 милиони евра.
Думбија оваа сезона во сите натпреварувања одигра 19 натпревари и постигна 11 голови. Тој во текот на кариерата играше за Кашива Рејсол, Токошима и Јанг Бојс.

Најнови вести