Корисничко име Лозинка Пријави се
08.8.2018

Реал за 15 минути ја реши „волчицата“

„Кралевите“ со триумф над Рома ги завршија претсезонските подготовки

Реал Мадрид  во Њу Џерси славеше во пријателската пресметка против Рома со резултат од 2:1. На „кралевите“ им беа доволни петнаесет минути да го решат победникот на мечот, предводени од велшкиот офанзивец, Герет Бејл.
Асенсио ја продолжи голгетерската серија за ова лето, младиот Шпанец веќе по две минути игра ја затресе мрежата на Олсен, при асистенција на Бејл. Велшанецот го зголеми водството на 2:0 вo 15. минута, додека почесниот погодок за Рома го постигна Кевин Стротман во 83. минута од средбата.
Реал со овој меч ги завршува претсезонските подготовки и ги насочува мислите кон пресметката против градскиот ривал Атлетико, во рамките од УЕФА Суперкупот, меч кој е закажан на 15-ти август. Рома исто така заврши со подготовките за ова лето. За нив сезоната почнува на 19-ти август, гостуваат кај Торино во мечот од првото коло во Серија А.

Најнови вести