Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Меч на денот: „Римската волчица“ во обид да ги скроти „торинските бикови“

Торино на свој терен ја пречекува „реновираната“ Рома во првото коло од Серија А

Рома и Торино ја отвораат неделната програма од првото коло во Серија А. Вчера еден клуб од Торино победи (Киево 2-3 Јувентус), додека вториот клуб од Рим претрпе пораз (Лацио 1-2 Наполи), а сега останатите тимови од овие два градови ќе се судрат во меѓусебна пресметка за првите бода во новото издание на италијанскиот шампионат.

Торино треба да има голем мотив за победа, особено што играат против реконструираната екипа на Рома, која најави големи амбиции за оваа сезона. Валтер Мацари добива втора шанса да слави против тимот од Рим како предводник на „биковите“, додека домаќините не знаат за триумф против Рома пред своја публика уште од септември 2016 година.

Добра вест за Торино е што летово го задржаа нивниот најдобар поединец, голгетерот Андреа Белоти, кој ќе претставува најголема закана по голот на Рома. Од друга страна пак, Рома со Еузебио Ди франческо се надева на позитивен старт со цел да што поскоро да се оправдаат милионските зазсилувања кои пристигнаа летово.

Според нашата понуда за овој дуел, Рома ја има фавористката улога при квота до 2.15 за „двојка“, коефициентот во корист на Торино гласи 3.30, додека за реми ви нудиме квота од 3.50.

Најнови вести