Корисничко име Лозинка Пријави се
10.8.2018

Играчите на Салцбург се на цена – Рома го бара Самасеку

Рома има големи амбиции во новата сезона во Серија А, а едно од главните засилувања во атакот на титулата може да биде одличниот играч на Ред Бул Салцбург, Дијаде Самасеку

Фудбалерите на Ред Бул Салцбург се на цена во Европа, играат одлично, а австрискиот првак патем има и доста екстра-квалитетни млади играчи, каков што е и репрезентативецот на Мали.
Самасеку и против Шкендија на првиот квалификациски меч за пласман во ЛШ го потврди раскошниот талент, постигна и гол, па Рома одново ќе се обиде да го ангажира. Првиот обид на „римската волчица“ беше одбиен од раководството на Салцбург, но Рамон Родригез Вердехо, или попознат како Мончи не се откажува така лесно. Еден од најдобрите стручњаци во Европа за откривање и ангажман на млади играчи инсистира Рома да го купи Самасеку. 
Репрезентативецот на Мали беше стрелец против Шкендија, го постигна последниот гол за победа од 3:0 и тоа од пенал.

 

Најнови вести