Корисничко име Лозинка Пријави се
19.8.2018

Џеко е џокерот за три бода на Рома

Со погодокот во 89 минута, „римската волчица“ славеше на гости кај Торино

Рома победнички стартуваше во новото италијанско првенство. Тимот кој треба да биде еден од главните ривали на Јувентус во трката за титулата, минимално со 1:0 победи на гостувањето кај Торино, во Серија А. 
Един Џеко е херојот на гостите од Рим. Босанскиот репрезентативец повторно се покажа како клучен за нова радост на сите фанови на Рома. Џеко погоди во 89 минута, гол кој беше и единствен на дуелот, што значи доволно за трите бода да заминат на „Олимпико“. 
Торино беше рамноправен ривал, а малку недостасуваше и домаќините да се радуваат. Во 48 минута, Торино даде гол, но судијата реши да побара помош од ВАР технологијата. На повторената снимка беше утврдено дека се работи за недозволена оф-сајд позиција и погодокот беше поништен. Тоа како да даде дополнителен мотив на Рома, која во претпоследната минута од регуларниот дел ја искористи шансата и се израдува на победнички погодок. 

 

Најнови вести