Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Рома го финализира дванаесеттото засилување за ова лето

Под раководство на фудбалскиот гуру Мончи, Рома повторно стигнува до бројката од дванаесет засилувања за еден летен преоден рок

Стивен Н’зонзи ја напушта Севилја откако се согласи на трансфер во Рома. Французинот ги договорил личните услови со „волчицата“, додека сумата на ангажманот ќе изнесува 30 милиони евра, плус пет милиони евра во бонуси.
Спортскиот директор Мончи ја имаше главната улога при овој трансфер, откако шпанскиот гуру беше одговорен за Н’зонзи да дојде во Севилја во 2015 година.

Рома со овој ангажман повторно стигна до бројката од дванаесет нови имиња кои ги засилија редовите на тимот од Рим за еден преоден рок, откако и минатото лето на „Олимпико“ пристигнаа ист број нови играчи.

Најнови вести