Корисничко име Лозинка Пријави се
16.8.2018

Во Рома сега тврдат дека Н'зонзи е подобар од Малком

Играчот со светска титула е подобар од фудбалерот кој ги извиси римјаните, велат во клубот

Спортскиот директор на Рома, Рамон Родригес Мончи, изјави дека Французинот Стивен Н'зонзи е подобар играч од Малком Силва, Бразилецот кој сакаа да го купат од Бордо, но Барса им го „украде“ во последен момент. По шокот кој им го приреди, Малком стана најомразен фудбалер во Рома, па сега во „волчицата“ се обидуваат да се утешат. 
Донесен е Н'зонзи од Севилја за 26,6 милиони евра и при неговото претставување, Мончи рече дека Французинот е поквалитетен фудбалер од десното крило Малком, кој замина во Барселона и таму најверојатно ќе биде резерва. 
„Н'зонзи ја освои титулата светски првак, не мислите дека е подобар од Малком? Не велам дека тие играат на иста позиција, туку велам дека купивме играч кој, според мене, е подобар од Малком“, беа зборовите со кои Мончи му се обрати на еден новинар. 
Рома нема да купи десно крило за каде што беше планиран Малком, туку на таа позиција ќе користи играчи од веќе постоечкиот кадар. 

 

Најнови вести