Корисничко име Лозинка Пријави се
14.8.2018

Опасните Романци ривал на македонските кадети во четвртфиналето на ЕП – Б дивизија

Селекцијата на Романија, задутре од 21 часот ќе им биде четвртфинален ривал на македонските кошаркарски кадети на Европското првенство Б дивизија што се игра во Сараево

Македонските кошаркарски кадети ќе играат против незгодната селекција на Романија во четвртфиналето на ЕП, Б дивизија што се одржува во главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево.
Романија ги заврши натпреварите по групи на првата позиција во А сегментот и ќе биде опасен ривал за нашите таленти на возраст до 16 години. Ние бевме второпласирани во групата, а иако Романија одигра извонредно во фазата по групи, Македонија има шанси за победа.

 

Најнови вести