Корисничко име Лозинка Пријави се
13.9.2018

Нема бегање од нов дуел – Вардар против Македонија Ѓ.П дерби во 1/8 на Купот

Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе играат меѓусебе по четвртипат за еден месец, а овојпат на ред е дербито од осминафиналето во националниот куп

Локалното скопско дерби меѓу Вардар и Македонија Ѓорче Петров ќе биде во фокусот на осминафиналните мечеви во националниот куп на Македонија.
Ждрепката што се одржа денеска сакаше двете екипи да играат меѓусебе по четвртипат во кус рок од околу еден месец.
Најмногу ќари второлигашот Кораби, кој ќе биде слободен и директно го мина осминафиналето.
Бранителот на трофејот Шкендија ќе м у биде домаќин на второлигашот Кит Го, а и останатите дуели ќе бидат интересни.
Првите дуели ќе се играат на 19. септември, а реваншите се три недели подоцна.

Двојки, осминафинале, Куп на Македонија:

Вардар – Македонија Ѓ.П., Шкендија – Кит Го, Брегалница – Академија Пандев, Пелистер – Беласица, Гостивар – Победа, Скопје – Силекс и Тиквеш – Работнички. Слободен е Кораби.

 

Најнови вести