Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
13.9.2018

Се работи за пласман на ЕП? Повикајте го голманот да даде гол

Неверојатна беше завршницата на дуелот за играчи до 21 година меѓу Исланд и Словачка.

Марек Родак е новиот херој на младинската репрезентација на Словачка. Тоа е голманот кој успеа да постигне гол во последната минута за победа на гостувањето кај Исланд, во еден од најважните мечеви од квалификациите за пласман на Европското првенство 2019 година за играчи до 21 година.
Словачка и Исланд се во трка за второто место во групата каде што Шпанија е сигурно прва. Исланд беше домаќин и на полувремето водеше со 1-0. Во вториот дел Словачка израмни, а во 90-тата минута поведе и со 2-1. Исланд успеа со гол од пенал во 93-тата минута да израмни на 2-2, но тоа не беше крајот. 
Во последните моменти од дуелот гостите изведоа корнер, а во напад тргна и голманот Родак, кој успеа со глава да даде гол за победа од 3-2 и второ место на Словачка во групата.

 

Најнови вести