Корисничко име Лозинка Пријави се
26.7.2017

„Армејците“ триумфално низ Атина, реми во Букурешт

ЦСКА од Москва со една нога е во следната рунда од квалификациите за Лигата на шампионите, додека Викторија П’лзењ носи добар резултат од главниот град на Романија.

Во дуелот меѓу грчкиот и рускиот вицешампион во Атина, славеа гостите со резултат 0-2.
Алан Џагоев ги доведе „армејците“ во водство во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Вернблом по десет минути игра во продолжението.
АЕК неговата турнеја на европската сцена ќе ја продолжи во квалификациите за Лигата на Европа, шансите да го надополни заостанувањето од два гола во Москва се само теоретски.
Српскиот шампион Партизан претрпе убедлив пораз во Белград од Олимпијакос од 3-1. Стрелци за Грците беа Бен во шестата и 56-тата минута и Еменике во судиското надополнување, а Тавамба во 10-тата минута погоди за Партизан.
Во Букурешт вицешампионите на Романија и на Чешка, Стеауа и Викторија П’лзењ одиграа реми 2-2.
Гостите два пати водеа, но домаќините успеаја да избегнат пораз на нивен терен.
Првиот гол на натпреварот го постигна Крменчик на средината на првото полувреме, а до паузата изедначи Будеску со голот од слободен удар. На почетокот на вториот дел од играта, Копиц погоди за ново водство на Чесите, а по еден час игра Тешеира го постави конечниот резултат 2-2 по одличниот центаршут на Марко Момчиловиќ од левата страна.
Претходно, Карабаг и Шериф од Тираспољ ремизираа без голови во Бака, додека Славија од Прага славеше минимално против БАТЕ Борисов.

Најнови вести