Корисничко име Лозинка Пријави се
27.8.2015

Хет трик на Руни, Астана и ЦСКА во Лигата на шампионите

Фудбалерите на Манчестер јунајтед, Баер Леверкузен, Астана и ЦСКА, како и БАТЕ Борисов, се пласираа во Лигата на шампионите по плејоф-натпреварите одиграни вчера.

Јунајтед најлесно обезбеди пласман, по триумфот од 3-1 на „Олд Трафорд“, го совлада Бриж во Белгија со 4-0.
Астана од Казахстан со голот на Немања Јоксимовиќ избори реми 1-1 против АПОЕЛ во гости, па по победата од 1-0, прв пат во историјата се најде во елитата на европскиот фудбал.
Германскиот Баер во Леверкузен лесно го надополни поразот од 1-0 од Рим и совладувајќи го Лацио со 3-0 во реваншот, обезбеди пласман, додека ЦСКА имаше најтешка работа против Спортинг.
Гостите од Лисабон во Москва стигнаа со победата од 2-1, во реваншот водеа со 1-0, но ЦСКА постигна три гола во продолжението и обезбеди пласман.
АПОЕЛ водеше против Астана со 1-0 со голот на Стилиќ во 60-тата минута, но шест минути подоцна Максимовиќ на својата екипа ѝ донесе историски пласман во групната фаза на Лигата на шампионите.
Јунајтед имаше одлични 3-1 од првиот натпревар, а во реваншот немаше никакви проблеми. Руни погоди во 20-тата, 49-тата и 57-мата минута, а одличен беше Андер Ерера, кој ја искористи својата шанса.
Најтешка работа имаше ЦСКА против Спортинг. Португалскиот тим во Москва стигна со 2-1, а со голот на Гутиерес во 36-тата минута имаше одлична шанса за пласман, но во продолжението следуваше голем пресврт. Думбија погоди во 49-тата и во 72-рата минута, а Муса на пет минути пред крајот го завери пласманот во Лигата на шампионите.
На дуелот во Леверкузен домаќинот лесно го надополни минималниот пораз од Лацио од првиот натпревар.
Ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите на програмата е денес.

Лига на шампиони, плејоф:
АПОЕЛ – Астана 1-1 (прв натпревар 0-1)
Клуб Бриж -  Манчестер јунајтед 0-4 (1-3)
ЦСКА – Спортинг 3-1 (1-2)
Баер Леверкузен – Лацио 3-0 (0-1)
Партизан – БАТЕ Борисов 2-1 (0-1)

Вторник:
Динамо Загреб – Скендербег 4-1 (2-1)
Макаби Тел Авив – Базел 1-1 (2-2)
Малме – Селтик 2-0 (2-3)
Монако – Валенсија 2-1 (1-3)
Шахтар – Рапид Виена 2-2 (1-0)

Најнови вести