Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
18.5.2018

Жоржињо се договорил со Сити, на потег е Наполи

Фудбалерот кој пет пати играше за репрезентацијата на Италија, иако има потекло од Бразил, целата кариера ја помина на Апенинскиот Полуостров.

Италијанскиот фудбалски репрезентативец Жоржињо договорил трансфер во редовите на новиот шампион на Англија, Манчестер сити, но пред да го официјализира трансферот, ќе мора да добие согласност од неговиот сегашен клуб Наполи, пренесуваат локалните медиуми.
На фудбалерот со бразилско потекло договорот со Наполи му истекува летото 2020 година, а според зборовите на неговиот менаџер, на потег е вицешампионот на Италија.
„Жоржињо има договор, но доколку Наполи се согласи, негов нов клуб ќе биде Манчестер сити. Со Англичаните нема проблем, туку сè зависи од Наполи, со кого има договор на уште две години“, изјави агентот на Жоржињо за локалните медиуми.
Фудбалерот кој пет пати играше за репрезентацијата на Италија, иако има потекло од Бразил, целата кариера ја помина на Апенинскиот Полуостров, бидејќи пред Наполи, играше за Верона и Самбонифачезе.

Најнови вести