Корисничко име Лозинка Пријави се
25.9.2014

Дунга: Мајкон може да остане без клуб

Карлос Дунга, селекторот на Бразил, изјави дека Мајкон би можело да остане без договор во Рома и без спонзорите ако открие зошто е суспендиран.

Искусниот дефанзивен играч е исфрлен од националниот тим во текот на турнејата на Бразил во САД во септември поради инцидент кој Фудбалскиот сојуз на Бразил не сака да го открие.
„Сè им објаснив на менаџерите  и на играчите, другите нека шпекулираат, тоа не е мој проблем. Морам да го почитувам како професионалец. Кога би го открил проблемот, Мајкон би останал без договорот во Рома и без спонзорите“, изјави Дунга.
Медиумите шпекулираат дека Мајкон со Елијас и Оскар се напил по победата над Колумбија, а потоа направил невкусна шега со Елијас.
Селекторот на Бразил на прашањето дали Мајкон завршил со селекцијата изјави дека националниот тим за никого не е затворен.

Најнови вести