Корисничко име Лозинка Пријави се
05.7.2017

Шапекоенсе го отпушти тренерот Мансини

Седум месеци по трагедијата во која загина скоро целиот тим, Шапекоенсе го отпушти тренерот Вагнер Мансини.

„Бордот на директори го разбира господинот Мансини и сфаќа дека работеше во многу тешки околности. Му благодариме за добрите резултати, но сметаме дека е време да се тргне во друг правец“, се вели во соопштението на клубот.
Мансини го презема клубот неколку дена по големата трагедија кај Меделин. Со него тимот го освои првенството на сојузната држава Санта Катарина и на кратко го водеше клубот во бразилското првенство. Последен меч на клупата му беше против Флуминенсе кој заврши со реми, 3-3.
Засега не е познато кој ќе биде нов тренер.

Најнови вести