Корисничко име Лозинка Пријави се
11.5.2017

Трофејот за Атлетико, братската љубов посилна од трагедијата

Фудбалерите на колумбискиот Атлетико Насионал го освоија трофејот на Рекопа Судамерикана во емотивниот двомеч против бразилскиот Шапекоенсе.

Насионал во реваншот на неговиот стадион го победи Шапекоенсе со 4-1 и со вкупен резултат од 5-3 успеа да го освои пехарот за којшто се борат шампионите на Копа Либертадорес и Копа Судамерикана.
Двете екипи одиграа емотивен дуел во Меделин, недалеку од ноемвриската трагедија, кога во авионска несреќа настрада тимот на Шапекоенсе.
Колку и да звучи неверојатно, резултатот во финалето беше во втор план, а триумфот на Колумбијците им го донесоа двократните стрелци Морено и Ибархен, додека единствениот гол за Бразилците го постигна Де Мел.
Една од најтрагичните спортски несреќи се случи во ноември минатата година, кога падна авионот во којшто се наоѓаше тимот на Шапекоенсе на пат кон Меделин за финалето на Копа Судамерикана. Од 77 патници, шестмина преживеаја, а меѓу нив беа само тројца фудбалери, Алан Рушел, Џексон Фолман и Нето, додека 19 играчи настрадаа.
Поради тоа, по иницијатива токму на Атлетико Насионал, на Шапекоенсе му беше доделен трофејот, а бидејќи животот ги пишува најубавите приказни, се случи да играат со братскиот клуб во Рекопа Судамерикана.
Тројцата преживеани фудбалери пред реваншот на стадионот „Атанасио Хирадот“, го посетиле местото на несреќата.

Најнови вести