Корисничко име Лозинка Пријави се
09.5.2017

Пехарот за загинатите другари – Шапекоенсе шампион!

По малку повеќе од пет месеци од огромната трагедија и погинувањето на целиот тим, Шапекоенсе ја одбрани шампионската титула на државата Катариненсе.

Минатата година, на 28-ми ноември, авионот со стручниот штаб и екипата на бразилскиот клуб се сруши на патот кон Колумбија, на дуелот во Меделин со Атлетико Насионал во финалето на Копа Судамеирикана.
Само тројца од 19 играчи – Алан Рушел, Нето и Џексон Фолман – ја преживеаја страшната несреќа, во која животот го загуби 71 лице.
И споменатите тројца беа покрај теренот во реваншот со Аваи, Шапекоенсе го доби првиот натпревар со 1-0, а вториот го изгуби со идентичен резултат, но благодарение на подобриот скор во лигашкиот дел, го одбрани пехарот.
Поради сето што го проживеаја, мораа да доведат дури 25 нови играчи, но мора да се истакне дека имаа помош од останатите бразилски клубови, како и од славната Барселона.
Деветнаесет илјади луѓе на „Арената Конда“ не се грижеа премногу за поразот бидејќи многу поважно беше тоа што нивните миленици покажаа дека спортот е посилен од сè, истовремено победувајќи за момчињата коишто против нивна волја, на најтрагичен начин, влегоа во легендите.

Најнови вести