Корисничко име Лозинка Пријави се
  • БОЈА:
05.12.2017

Завршницата на сезоната во Бразил за инфаркт

Последното коло на бразилската Серија А за 2107 година имаше завршница за инфаркт, а во главна улога беа фудбалерите на Шапекоенсе.

Тие неколку дена по годишнината од трагедијата во која настрада речиси целиот тим на овој клуб, во продолжението изборија пласман во квалификациите за Копа Либертадорес и директно ја пресудија борбата за опстанок.
Шапекоенсе со голот на Тулио де Мело во 95-тата минута од натпреварот против Коритиба направи пресврт на 2-1, па благодарение на меѓусебниот скор од Атлетико Минеиро, ја освои осмата позиција на табелата.
Голот на Де Мело ги израдува и навивачите на Виторија, коишто само што почнаа да жалат поради елиминацијата на нивниот тим во Серија Б.
Виторија во одлучувачкиот натпревар на трагичен начин беше поразена од Фламенго со 2-1, исто така по пресвртот со голот во продолжението на времето и со тој од пенал во 96-тата минута, со којшто гигантот од Рио де Жанеиро директно се пласира во Копа Либертадорес.
Коритиба со поразот од Шапекоенсе директно отиде во понизок ранг, исто така поради послабиот меѓусебен скор со Виторија. Еднаков број бодови имаше и Аваи, а испаднаа уште Понте Прета и Атлетико Гојаниенсе.
Нов шампион на Бразил е Коринтијанс, а во Копа Либертадорес се пласираа уште: Палмеирас, Сантос, Гремио, Крузеиро и споменатиот Фалменго.

Најнови вести