Корисничко име Лозинка Пријави се
06.12.2016

Tитулата во Копа Судамерикана за Шапекоенсе

Како што се очекуваше, на бразилскиот клуб Шапекоенсе му е доделена титулата победник на Копа Судамерикана, по трагичната несреќа во која загинаа речиси сите негови играчи.

Јужноамериканската фудбалска конфедерација официјално го прогласи Шапекоенсе за победник во второто најсилно клупско натпреварување на континентот.
Колумбискиот Атлетико Насионал, кој и бараше на неговиот противник да му биде доделена титулата, доби посебна награда за фер плеј.
Шапекоенсе ќе добие и парична премија од два милиони долари, додека на Колумбијците им следува милион.
Авионската несреќа ја преживеаја само тројца играчи, а веќе се појавија информации дека многу познати имиња сакаат бесплатно да заиграат за овој клуб.

Најнови вести