Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2013

Двајца навивачи убиени пред натпревар во Бразил

Двајца бразилски навивачи се убиени со куршуми од огнено оружје во текот на патувањето кон стадионот „Кастелао“, каде што вчера фудбалерите на Форталеза ја нагостија Сеара во државното првенство Сеаренсе.

Младите навивачи на гостинот Сеара се погодени во главата со истрели од возилата во кои, според пишувањата на бразилските медиуми, се возеле навивачи на Форталеза. Дневниот весник „Фола де Сао Пауло“ тврди, пак, дека немирите ги почнале навивачите на Сеара фрлајќи камења на домашните навивачи, што на крајот го поттикнало пукањето со трагичен епилог.
Полицијата уапсила еден маж кој е осомничен за убиството што се случило на пет километри од стадионот. Натпреварот во кој Сеара славеше против Форталеза со 1-0 беше прв тест на обновениот стадион „Кастелао“, на кој летово ќе се играат натпревари од Купот на конфедерациите.