Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2018

Агуеро: Да завршам со Сити и се враќам дома

Аргентинскиот голгетер Серхио Агуеро ќе се врати во матичниот Индепендиенте во 2020 година, кога ќе му истече договорот со Манчестер сити.

„Со Сити имам договор до 2020 година, кога ќе ми заврши, се враќам дома во Индепендиенте“, изјави Агуеро за „Фокс спорт“.
Овој 29-годишен фудбалер девет години помина во Индепендиенте, пред да дојде во Европа, поточно во Атлетико до Мадрид.
На „Етихад“ ја игра седмата сезона и даде голем придонес во освојувањето на двете шампионски титули на Премиер лигата, за едната од нив со историскиот погодок во 97-мата минута за победа на Квинс парк ренџерс (3-2) во последното коло.
И оваа сезона е многу продуктивен, постигна 30 погодоци во сите натпреварувања на одличниот Сити, кој го освои Лига купот, на пат е кон освојување на Премиер лигата, додека во четврт-финалето на Лигата на шампионите ќе игра со Ливерпул.

Најнови вести