Корисничко име Лозинка Пријави се
13.6.2012

Габриел Милито ја завршува кариерата

Габриел Милито, поранешниот репрезентативец на Аргентина и централен дефанзивен играч на Индепендиенте, потврди дека ќе одигра уште два натпревари и потоа ќе ги обеси копачките

Милито има триесет и една година, а изминатите неколку седмици се обидуваше да закрепне од повредата на препоните, а тоа беше само една од низата повреди кои ја обележаа неговата кариера.
Индепендиенте во аргентинскиот шампионат има уште два натпревари, против Сан Лоренцо и Тигре, а потоа помладиот брат на Диего Милито дефинитивно ќе замине во фудбалска пензија.
„Не сум задоволен од својата физичка и психичка состојба. За мене е најдобро да се повлечам на крајот од сезоната“, изјави Милито за аргентинските медиуми.
Иако во текот на целата кариера често имаше проблеми со повредите, Милито во дресот на Барселона успеа да освои две титули во Лигата на шампионите, како и три трофеи во шпанската Примера.
Тој за репрезентацијата на Аргентина одигра четириесет и два натпревари и постигна еден гол.

Најнови вести