Корисничко име Лозинка Пријави се
03.12.2015

Агуеро: Ќе ја завршам кариерата таму каде што започнав

Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, има договор со англискиот клуб до 2019 година. Боите на „граѓаните“ би требало да ги носи следните три и пол години, а дали навистина ќе биде така времето ќе покаже.

Според Агуеро, сигурно е во кој клуб ќе ја заврши кариерата.
„Секогаш зборував дека сакам да се вратам во Индепендиенте и тоа ќе го сторам. Кога ќе ми истече договорот со Сити, се враќам таму. Не сакам да се вратам пред крајот на кариерата. Тогаш ќе имам 31 година и ќе играм за тимот кој ми е во срцето“, изјави Агуеро.
Најдобриот стрелец на „граѓаните“ професионалната кариера ја почна во клубот од Авеланеда, а играше уште само за Атлетико Мадрид.
Во Манчестер сити е од 2011 година и постигна 116 голови на 176 натпревари.

Најнови вести